Page 12 - makedonca
P. 12
ЛЕКЦИЈА 1
1. ОСНОВИ НА ВЕРМИКОМПОСТИРАЊЕ: ТЕРМИНИ И ТЕХНИКИ
Резултати од учењето
➢ Учесниците ги знаат термините и изразите кои вообичаено се користат во производството
на вермикомпост.
➢ Учесниците го објаснуваат терминот на компост.
➢ Учесниците ги препознаваат типовите на дождовни црви кои најчесто се користат во
производството на вермикомпост.
➢ Учесниците го објаснуваат терминот на легло.
➢ Учесниците ги поврзуваат условите за легла, куп, корпа и јама со производство на
вермикомпост.
➢ Учесниците ги објаснуваат поимите анаеробни и аеробни.
➢ Учесниците ја знаат функцијата на корпата Бокаши.
➢ Учесниците ја објаснуваат важноста на CaCO3 за производство на вермикомпост.
➢ Учесниците знаат клителум, сегмент и кожурец.
➢ Учесниците ја објаснуваат разликата помеѓу компостот и вермикомпостот.
➢ Учесниците го објаснуваат поимот микроорганизми.
➢ Учесниците ја објаснуваат функцијата на протеинот како супстрат во производството на
вермикомпост.
➢ Учесниците го објаснуваат терминот вермикаст, чај од црви, исцедоци од црви.
Инструкции за обучувачот
Обучувачот им ги објаснува на учесниците термините кои вообичаено се користат во
вермикомпостирањето со помош на Дополнителен материјал 1 (SM-1). Презентацијата е
дизајнирана така за да ја прикаже прво сликата на производството на вермикомпост, а потоа
терминот поврзан со сликата.
➢ Обучувачот ја отвора презентацијата.
➢ Обучувачот прво ја покажува сликата која е на ред.
➢ Обучувачот бара од слушателите да дадат свое мислење за сликата што ја гледаат.
➢ Обучувачот очекува од учесниците да ја објаснат сликата.
➢ Обучувачот им го покажува терминот на сликата и го објаснува поимот.
➢ Обучувачот ја повторува оваа вежба за сите термини.
➢ Обучувачот повторно се навраќа на презентацијата на првата слика и чека
специјализантите да ја направат точната идентификација.
Основни потреби: Компјутер, проектор
4