Page 38 - makedonca
P. 38
поголеми животни, особено говеда, измет. Храната се внесува заедно со почвата и
поминува низ дигестивниот канал на Дождовниот црв. Дождовните црви постојано или
полу-постојано положуваат јајца најчесто во текот на целата година. Јајцата на црвите се
ставаат во кокон. Формата на коконот е различна во зависност од видот на црвот. Во
влажни услови и на температура од 16 до 27 °C, за 14 до 20 дена се изведуваат мали црви.
Природниот животен век на многу Дождовни црви е краток, но некои видови, ако се
заштитени од природни опасности, живеат повеќе од 1,5 години.
Активноста, метаболизмот, растот и репродукцијата на црвите се силно под влијание на
температурата. Температурата и влажноста обично имаат обратен однос. Високите
температури и сувата средина се поголеми ограничувања за црвите отколку ниските
температури и водно заситените средини. Поставувањето на коконите и изведувањето од
јајцата кај Дождовните црви исто така се под влијание на температурата. На пример,
поставувањето кокони кај Eisenia fetida се зголемува линеарно со зголемување на
температурата од 10 до 25°C, иако бројот на црви по кокон на 25°C е помал од оној на
20°C. Периодот на отварање на коконите исто така зависи од температурата. Растот на
новите црви од јајцата до зрелост на 18°C се достигнува за 9,5 недели, а на 28°C само за
6,5 недели.
Црвите се чувствителни на концентрацијата на водородни јони, која се изразува како pH.
Според чувствителноста на pH, во некои текстови тие се поделени во три категории:
отпорни на киселост на почвата, чувствителни на киселост на почвата и разновидни што
можат да живеат во широк опсег на pH. Сепак, многу истражувачи изразиле дека
повеќето видови на Дождовни црви претпочитаат да живеат во неутрална pH средина.
Eisenia fetida претпочита да живее во почви со pH помеѓу 6,5 и 7,5. Улогата на органскиот
јаглерод и неорганскиот азот за синтеза на клетки, раст и метаболизам е клучна кај сите
организми. Правилниот сооднос на јаглерод кон азот е неопходен за оптимален раст на
Дождовните црви [17, 37].
30