Page 46 - makedonca
P. 46
нитрити и нитрати, кои остануваат во компостот освен ако не се случи аноксична
состојба. Во таква состојба, нитратите и нитритите се редуцираат и азотот се ослободува
во атмосферата како N2 [23, 40].
4.1.7. Фосфор: Фосфорот е есенцијален хранлив елемент за раст на растенијата и се
користи за формирање на протеини, метаболизам, фотосинтеза, ртење на семе и
формирање на цветови и плодови. Меѓутоа, фосфорот во почвата е во минерална форма
и достапен за растенијата, но потенцијалната активност на црвите и микроорганизмите
што го раствораат фосфорот ја зголемуваат неговата достапност за растенијата [41, 42].
Зголемувањето на вкупниот фосфор за време на вермикомпостирањето се смета дека е
резултат на минерализацијата и мобилизацијата на фосфорот поради бактериите и
фекалната активност на црвите. Како што органската материја минува низ цревата на
црвите, некој дел од фосфорот се претвора во покорисна форма благодарение на ензимот
фосфатаза, а понатамошното ослободување се смета дека е резултат на микроорганизми
кои го раствораат фосфорот присутен во изметот. Познато е дека активноста на црвите
го забрзува претворањето на органскиот фосфор во форма достапна за растенијата.
Постојат бројни научни студии кои покажуваат дека обработката на различни отпадни
материјали со вермикомпост доведува до зголемување на лесно достапниот фосфор за
12–21% [43].
38