Page 51 - makedonca
P. 51
Микробната популација на бактерии за фиксација на азот и други симбиотски бактерии
се очекува да биде во добар опсег во вермокомпостот.
Исто така, вермокомпостот поддржува голем број на пропагули на васкуларно-
арбускуларна микориза (ВАМ). Овие пропагули преживуваат до 11 месеци по
пролевањето и помагаат во зголемувањето на микробиолошката активност за
производство на азот и фосфор во форма која растението лесно може да ја искористи.
Кога се применува вермокомпост во почвата; треба да се користат помеѓу 120 и 150 грама
цврст вермокомпост за секој квадратен метар на површина на апликација на
земјоделските површини или почви. Апликацијата треба да се повтори два пати годишно
за да се гарантираат успешни резултати. Вермокомпостот треба да се измеша со почвата
во областа на апликација. Нанесениот вермокомпост на површината може да го отежне
процесот растенијата да земат корисни хранливи материи од почвата. Заради оваа
причина, потребно е да се измеша почвата и вермокомпостот за да се формира хомогена
структура. За тоа, користете лопата, копач или мотика за да ја ископате почвата во областа
на апликација, измешајте го вермокомпостот и ископаната почва, и повторно наполнете
ја јамата со хомогена смеса (почва и вермокомпост).
Table 3. Хемиски својства на вермикомпост
Својства Компост Вермикомпост
pH 7.16 7.72
−1
EC (dSm ) 3.65 6.88
OC 20.5 17.3
Вкупен N (%) 2.42 3.5
Вкупен P (%) 0.88 0.71
−1
Вкупен K (mg.kg ) 653.5 950.5
Вкупен Ca (%) 2.9 3.5
Вкупен Mg (%) 1.5 2.8
−1
Вкупно Fe (mg.kg ) 4467 6045
−1
Вкупен Zn (mg.kg ) 115.5 189.5
−1
Вкупен Cu (mg.kg ) 59 38
−1
Вкупен Mn (mg.kg ) 221.45 344.15
C:N 8.47 5.51
43