Page 53 - makedonca
P. 53

6. УЛОГАТА НА ВЕРМИКОМПОСТОТ ВО ЗАШТИТА ОД
               ШТЕТНИЦИ И БОЛЕСТИ



               Вермикомпостот е познат по својата корисност во третирањето на различни растителни

               болести  (Табела  4).  Многу  растителни  болести  предизвикани  од  патогени  што  ги
               напаѓаат корените и лисјата, како и штетници, биле успешно сузбиени со производи од

               вермикомпост,  кои  докажале  дека  се  ефикасни  како  органски  ѓубрива  и  биолошки
               средства  за  контрола.  Прекумерната  и  повторена  употреба  на  хемиски  пестициди  во

               конвенционалното  земјоделство  резултираше  во  појава  на  „биолошка  отпорност“  кај
               болестите и штетниците на растенијата. Како резултат на тоа, значително повисоки дози

               на пестициди сега се потребни за да се инхибира растот на растенијата со висок принос,

               кои се поранливи на штетници и болести [44]. Употребата на вермикомпост покажа дека
               ги потиснува факторите кои предизвикуваат болести кај многу култури, како на пример

               кај наут и домати. Бројни студии докажаа дека употребата на вермикомпост како замена
               за хемиски препарати дава успешни резултати во борбата против растителните болести.



               Црвите имаат стимулативен ефект врз микробната активност во почвата, што доведува
               до  поголемо  сузбивање  на  растителните  болести  во  споредба  со  аеробниот  компост.

               Постојат  многу  истражувања  за  ефектот  на  органските  материи  во  сузбивањето  на

               нематоди  кои се  паразити  на  растенијата,  со задоволителни  нивоа  на  намалување  на
               нивната  инфестација.  Иако  има  малку  објавени  студии  за  ефектот  на  цврстиот

               вермикомпост  во  намалувањето  на  бројот  и  нападите  од  паразитски  нематоди  во
               споредба  со  органските  материи  и  термофилните  компости,  сепак,  истражувањата

               покажуваат дека примената на цврст вермикомпост во количини од 2 до 8 кг на хектар
               за  домати,  пиперки,  јагоди  и  грозје  успешно  ги  сузбива  растителните  паразитски

               нематоди [45].


               Покрај  користењето  на  компост  или  биоконтролни  агенси  одделно,  предложено  е

               збогатување  на  компостот  со  биоконтролни  агенси  за  да  се  зголеми  процесот  на
               колонизација  на  биолошките  агенси  во  компостите.  Бројни  истражувања  покажуваат

               дека  компостите  и  биообогатените  компости  значително  го  намалуваат  бројот  на

               патогени и ги штитат културите од патогени во почвата кога се користат како додаток на
               почвата [46, 47]. Антагонистичкиот ефект на вермикомпост и вермикомпост збогатен со

               Trichoderma harzianum, Bacillus subtilis и Pseudomonas fluorescens бил истражуван против
               Fusarium oxysporum и било покажано дека биообогатувањето не само што го поттикнало



                                                                                                        45
   48   49   50   51   52   53   54   55   56   57   58