Page 54 - makedonca
P. 54
растот на растенијата, туку и значително ја намалило болеста од венеење. Овие микробни
соеви имаат потенцијал да лачат антифунгални метаболити, хидролитички ензими и
антитела. Научна студија за управувањето со венеењето на доматите предизвикано од
Fusarium со биообогатен вермикомпост покажа дека примената на вермикомпост,
самостојно или после збогатување со микроорганизми како Trichoderma harzianum,
Pseudomonas fluorescens и Bacillus subtilis, значително го подобрува растот и
нутритивниот статус на доматите. Покрај тоа, стапката на болеста беше пониска кај
растенијата третирани со биообогатен вермикомпост, особено со Trichoderma harzianum,
во споредба со контролните растенија [48].
Табела 4. Растителни болести и штетници потиснати со употреба на вермикомпост [49]
Бр. Болест/штетник Култура
Јасид (Empoasca verri), Лисна вошка (Aphis Јасид (Empoasca verri), Лисна
1
craccivora) вошка (Aphis craccivora)
2 Полегнување на растенијата и трулеж на коренот Краставици и Репка
3 Полегнување на растенијата Домати
Impatiens walleriana цвеќе
4 Полегнување на растенијата
Импатија
Tetranychus urticae, Pseudococcus sp. Грав, Модар патлиџан, Домат,
5
Myzus persicae Краставица и Зелка
6 Трулеж на коренот Леблебија
7 Fusarium wilt (венеење) Леблебија
8 Helicoverpa zea and Pieris rapae Зелка
9 Meloidogyne incognita Модар патлиџан
10 Ушник (Helicoverpa zea) Пченка
11 Лисна вошка (Lipaphis erysimi) Синап
12 Fusarium wilt (венеење) Домат
13 Полегнување на растенијата Краставица
14 Polyphagotarsonemus latus Чили
15 Касна пламењача Компир
16 Fusarium wilt (венеење) Краставица
Вермикомпостот исто така може да управува со артроподни штетници како што се
гасениците: на пример, гасеници на доматот (Manduca quinquemaculata), гасеници на
белата зелка (Pieris rapae) и краставични буби, вклучувајќи ги и артроподите кои цицаат
46