Page 74 - makedonca
P. 74
Економските придобивки од вермикомпостирањето вклучуваат потенцијално
намалување на трошоците поврзани со отстранувањето на отпад од храна од 57 до 18
долари по тон. Во денешниот свет, каде вкупната количина на глобален отпад изнесува
20 милијарди метрички тони, а комуналниот цврст отпад е 2,7 милијарди метрички тони,
трансформацијата на отпадот во економска вредност е исто така важна од аспект на
циркуларната економија [80]. Имајќи предвид дека 70% од создадениот комунален цврст
отпад е од органско потекло [81], придонесот од преработката на овие отпади со
еколошки пристапи, како вермикомпостирање, за светската економија изнесува
приближно 73,7 милијарди долари. Количината на цврст отпад од мали фарми често може
да варира во зависност од големината на фармата, видот на производството и методите
на обработка. Без оглед на големината и обемот, рециклирањето на органските отпади
преку вермикомпостирање ќе ги намали трошоците за управување со цврст отпад на
малите земјоделски претпријатија за најмалку 70%.
Позитивниот ефект на вермикомпостот врз растот и развојот на растенијата и неговиот
заштитен ефект против растителни болести и штетници го прават моќно ѓубриво и
успешна компонента за заштита на растенијата. Имајќи предвид дека просечните
годишни трошоци за ѓубрива и средства за заштита на растенијата за мали земјоделски
претпријатија/фармери изнесуваат 22.175 и 15.915 долари [82], јасно е дека покрај
намалувањето на трошоците за отпад од 70%, што го овозможува вермикомпостот,
намалување на трошоците за околу 38.000 долари ќе биде значителна придобивка за
малите земјоделски претпријатија/фармери.
66