Page 69 - makedonca
P. 69
9. ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИЦИИ И ПРИДОБИВКИ
9.1. Економски бенефиции
Вермикомпостирањето има предности на различни нивоа. Уште од древниот Египет
познати се придобивките од примената на исцедокот од црви, или вермикомпост, за
зголемување на плодноста на обработливото земјиште. Повеќекратни студии покажуваат
дека исцедокот од црвите (вермикомпостот) има многу корисни својства:
➢ Г о подобрува составот на почвата, правејќи ја посунѓереста, агрегирана и
аерирана, а покрај тоа што ја прави пропустлива за вода, притоа помага и за
нејзино задржување. Исто така, хемиски, вермикомпостот помага да се регулира,
до одреден степен, оптималната pH вредност за растенијата. Биолошки,
бактериското изобилство и разновидноста на почвата збогатена со хумус се лесно
проверливи. Зголемувањето на плодноста на почвата дополнета со вермикомпост
е евидентно, со практично нула несакани ефекти.
➢ Се покажало дека компонентите на зрелиот вермикомпост го помагаат растот на
растенијата и нивното производство. Киселините, ензимите и хормоните
присутни во исцедокот на црви се од голема помош за развојот на културите, од
ртење до нивната возрасна фаза. Растенијата се хранат со исцедокот од црви кои
прават растенијата да растат поенергично, да бидат продуктивни и отпорни на
штетници и лоши временски услови.
➢ Не постои хемиско ѓубриво кое се споредува со ефектот што го дава
вермикомпостот, кој е целосно природен производ и кој го намалува штетното
влијание врз здравјето. Вермикомпостирањето дури помага во елиминацијата или
деградацијата на хемикалиите, токсините или контаминацијата што постои во
отпадот со кој се хранат црвите.
Од друга страна, вермикомпостирањето е активност што подразбира други индиректни
или помалку очигледни придобивки:
➢ Образовниот потенцијал за деца, млади и возрасни е познат и се применува со
децении во образовните системи. Вермикомпостирањето е многу погоден
експеримент кој промовира безброј вредности како што се грижата за кревките,
но основни живи суштества, биолошките научни аспекти што ги носи со себе,
одржувањето на екосистемот, анализата на неговите резултати.
➢ Управувањето со отпадот има значително социјално влијание. Компостирањето и
вермикомпостирањето се многу добредојдени решенија за некои од проблемите
на современите општества како што е управувањето со одреден органски отпад.
61